Главна страница

Од Министерство за информатичко опшество

Скокни на: навигација, барај

ПОЧИТУВАНИ,

Добродојдовте на страницата за поддршка на проектот за зголемување на бројот на македонски содржини на Википедија.

Проект на Министерството за информатичко општество



На оваа страна се наоѓаат ТЕМИТЕ кои можете да ги одберете за да ги обработувате.


Слободните теми се означени со црвена боја и тоа значи дека може да ги одберете за обработка.

Зафатените теми се означени со плава боја и тоа значи дека не можете да ги одберете бидејќи веќе биле одбрано од некој друг корисник.
Подолу на страницата се наоѓаат упатства за правење и потставување на статии на Википедија.

За поефективно работење, Ве молиме, прво ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ УПАТСТВА од овој почетен курс:



Добре дојдовте на вики Почетниот курс!. Википедија е слободна и отворена енциклопедија, што значи дека и Вие можете да напишете некоја статија или да дополните или поправите некоја од веќе постоечките. Целта на овој курс т.е овој текст е да се научите почетнички да ги уредувате статиите на лесен и едноставен начин. Откако ќе го завршите овој краток и едноставен курс, нема да имате потреба никој да прашувате за совет: како ова, а како она...

Секако, нема да дознаете сѐ за Википедија. Ако се запрашувувате дали ќе можете да научите да ја користите Википедија, знајте дека уредувачите на Википедија (т.е. корисниците кои придонесуваат со нас) се на возраст од 10-69 години, имаат најразлични професии и стручности и најверојатно единствената работа која ги поврзува е љубовта кон знаењето.

Ако за некој поим сакате да дознаете повеќе, треба само да ги следите викиврските, т.е. да кликнете на сината врска со што ќе најдете подетално објаснување за одреден поим.


УРЕДУВАЊЕ НА СТАТИИТЕ
Кога сте на страница која сакате да ја уредите, кликнете на јазичето уреди кој се наоѓа на самиот врв на страницата.
Кога кликнувате на уреди, се појавува текстот на страницата во рамката за промени, каде можете да го уредувате текстот по Ваша желба.

ПРЕГЛЕД ПРЕД ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРОМЕНИТЕ
Кога сте готови со промените, задолжително кликнете на копчето Прегледај, кое се наоѓа под рамката за промени. Тоа копче ќе ви покаже како ќе изгледа новиот текст кога ќе го зачувате. Ако не сте задоволни, продолжете со промените, а потоа повторно кликнете Прегледај.

ОПИС
Откако сте ги направиле сите промени, внесете во малето поле под рамката за промени (таму каде што пишува Опис) каква промена сте извршиле (бидете кратки!) - тој опис ќе се појави на страницата Скорешни промени. Потоа кликнете на копчето Зачувај ја страницата. Страницата тогаш ќе биде зачувана на Википедија.

СОВЕТ: Ако имате намера да правите поголеми измени или да пишувате подолг текст, подобро е најпрвин да го ископирате стариот текст на својот компјутер (користејќи Notepad или некој друг уредувач на текст), таму уредете го, а потоа конечната верзија ископирајте ја во рамката за промена на текстот на страницата. Тоа е корисно и затоа што можете да ги чувате текстовите на Вашиот комјутер, па можете да го дополнувате и кога не сте поврзани на интернет (со што штедите пари ако немате ADSL или друга постојана интернет врска).

СОВЕТ 2: Ако статијата треба подолго време да се уредува (неколку часа) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната поставете {{во изработка}} (со две големи загради).


За понапредните следуваат ДОПОЛНИТЕЛНИ РАБОТИ





Соработници


Корисни содржини


Теми за обработка




buy avelox no prescription buy soma no prescription order cheap abilify cheap proxyvon order strattera online Buy ativan cheap seroquel online seroquel online cheap augmentin buy accutane from canada purchase ventolin buy finasteride Pozycjonowanie - - - -