Промоција на системот за електронско поднесување на даноците (е-даноци)
Скопје, 06 февруари 2012

 

Денеска, 06.02.2012 (понеделник) со почеток во 11:30 часот, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта А. Томовска и директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, ќе го промовираат системот за електронско поднесување на даноците (е-даноци).

Меѓународниот саем за бизнис технологии BizTech Скопје 2012
Скопје, 06 февруари 2012

 

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денеска, понеделник, 06.02.2012 година, со почеток во 10 часот, во хотелот Александар Палас, со свое обраќање ќе го отвори BizTech Скопје 2012, меѓународниот саем за бизнис технологии.

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ ВО РЕГИОНОТ!

Скопје, 02 февруари 2012

Интервју на Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, за „Капитал“

Интегриран веб – портал за зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

Скопје, 01 февруари 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, присуствуваше на денешното потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу министерот за економија, Ваљон Сарачини и директорот на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, Александар Шахов.

Владата планира да излезе со конкретни мерки за подобрување на деловната клима

Куманово, 27 јануари 2012

Микро и малите претпријатија ќе бидат целната група на четвртата фаза од проектот регулаторна гилотина. Како што рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски пред претставниците на бизнис-заедницата во Куманово, до крајот на април годинава Владата планира да излезе со конкретни мерки за подобрување на деловната клима во овој сегмент, но и со рокови за нивно имплементирање, како и за прилагодување на институциите и легислативата.

РЕЗУЛТАТИ од спроведеното тестирање за вклучување во Обука за напредни вештини од областа на ИТ

Скопје, 27 јануари 2012

 

Министерот Ивановски во посета на општина Куманово

Скопје, 26 јануари 2012

 

Ве известуваме дека во петок на 27.01.2012 година, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе биде во посета на општина Куманово.

 

Бесплатни ИКТ обуки годинава за 7.500 лица, најголем интерес во поголемите општини

Скопје, 24 јануари 2012

Најголем интерес за бесплатните ИКТ обуки  што  се спроведуваат во бесплатните интернет клубови во 22 града во државата има во поголемите општини Скопје, Битола и Кавадарци. Со обуките во текот на годинава ќе бидат опфатени над 7.500  лица, а зависно од интересот Владата ќе продолжи со такви активности и во наредните години, информира министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Владата потпиша Меморандум за соработка со Франција
Скопје, 23 јануари 2012

 

Владата на Република Македонија денеска потпиша тригодишен Меморандум за соработка со Владата на Република Франција за поддршка на реформите во јавната администрација.

 

Од името на двете влади документот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и францускиот амбасадор во земјава Жан Клод Шлумберже.

Термини за полагање на приемен испит за учество на обуките за вештини од областа на информатичките технологии

Скопје, 09 јануари 2012

Во врска со мерката 5.5 ,,Обука за напредни вештини од областа на информациските технологии кои се дефицитарни на пазарот на трудот’, во следната табела се дадени списоци со кандидатите што треба да се тестираат и термините кога и каде ќе се изврши тестирањето:

Syndicate content